Рама победи според прелиминарни анкети за изборите во Албанија

86
EPA-EFE/STRINGER

Социјалистичката партија на албанскиот премиер Еди Рама победи на денешните парламентарни избори во Албанија и според првите излезни анкети освоила 51,8 отсто од гласовите или парламентарно мнозинство од 79 пратенички места од вкупно 140 пратенички места.

Според проекцијата на весникот „Албаниан пост“, втора е десничарска опозициска коалиција е Демократската партија – Алијанса за Голема Албанија, која добила 38 отсто од гласовите или 54 пратенички места во парламентот.

Гласањето за парламентарните избори во Албанија заврши во 19 часот кога беа затворени гласачките места.

ИЗДВОЕНИ