Рама најави „дигитални министри“ во Албанија – „ВИ најефикасен иден член на владата“

23
EPA/OLIVIER MATTHYS

Албанија ја засилува употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во државното управување за да го забрза процесот на пристапување кон Европската унија и борбата против корупцијата, соопшти владата во Тирана.

Премиерот Еди Рама објави дека размислува за создавање министерство кое целосно ќе биде управувано од ВИ, опишувајќи ја технологијата како „најефикасен иден член на владата“, објавува Политико од Брисел.

„Еден ден, можеби ќе имаме министерство целосно управувано од ВИ. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси“, рече Рама на прес-конференција во јули.

Локалните ИТ експерти веќе развиваат модели што би можеле да се користат за избор и назначување дигитални министри, а Рама сугерира дека Албанија би можела да стане првата земја со цела влада базирана на ВИ, вклучувајќи го и премиерот.
Иако идејата сè уште не е преточена во официјална политика, вештачката интелигенција веќе се применува во неколку сектори на државната администрација: од контрола на јавни набавки и следење на даночни и царински трансакции, до откривање на нелегални градби, следење на плажи и плантажи со канабис со помош на дронови и сателити.

ИЗДВОЕНИ