Рама и Макрон се мајтапеа на сметка на Трамп/ВИДЕО

92
EPA/MADS CLAUS RASMUSSEN DENMARK OUT

Албанскиот премиер Еди Рама се пошегува на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп за време на Самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, бидејќи американскиот претседател направил лапсус.

Шегата се однесуваше на изјавата на Трамп дека тој придонел за решавање на „конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија“, наместо да коментира за мировниот процес меѓу Ерменија и Азербејџан.

Трамп, впрочем, неколку пати го нарече Азербејџан „Абербајџан“, но целосно ја помеша Ерменија со Албанија.

Осврнувајќи се на грешката на Трамп, Еди Рама на шега му рече на Макрон дека треба да се извини што не им честиташе на Азербејџан и Албанија за мировниот договор што го постигнаа.

„Треба да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор што претседателот Трамп го склучи со нас“, му рече Рама на Макрон во друштво на азербејџанскиот премиер.

„Жал ми е за тоа, момци“, Емануел Макрон веднаш ја прифати шегата, предизвикувајќи смеа кај тројцата политичари.

ИЗДВОЕНИ