Рама: ЕУ се уште не ги има исполнето своите ветувања кон Албанија, но за нас тоа беше благослов

24
Европската унија се уште ги нема исполнето своите ветувања кон Албанија, но за нас сето тоа се претвори во некој вид благослов, изјави денеска албанскиот премиер Еди Рама.
„Ги продолживме реформите бидејќи ги правевме заради нашата земја, а не за Брисел. Денеска ЕУ останува наш отворен извор на знаење и секојдневно работиме на тоа да бидеме целосно подготвени кога ќе дојде вистинскиот момент за членство“, рече Рама на Форумот на ЕУ за проширувањето кој се одржува во Брисел.
Истовремено, тој ја пофали новата динамика на процесот за проширување.
„Донекаде верував дека Брисел конечно е погребан и нема можност за воскресување. Процесот сега донесе толку конструктивна дебата и свеж кислород во европската политика што не се сеќавам кога последен пат се случило тоа“, рече албанскиот претседател, пренесува албански „Јуроњуз“.
Додаде дека за Албанија патувањето кон ЕУ „не беше исполнето со аплаузи“, оценувајќи дека било полно со стигматизација и стереотипи засилени од западните медиуми.

 

ИЗДВОЕНИ