Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, истакна дека Македонија треба да се води и учи токму од противниците на Европското првенство – Данска и Португалија. Според него не треба да играме „македонски“ ракомет, и дека нивото на репрезентацијата и клубовите во Македонија треба да биде на уште повисоко ниво.

„Треба да се водиме и да учиме и од Данска и од Португалија. Не смееме да играме „македонски“, како што се игра во нашата лига. Мораме кондициски да бидеме поблиску до нив. Нивото во репрезентацијата и во клубовите мора да биде уште повисоко. Моето чувство за утре е оптимистичко, но мора да бидеме реални. Мечот на Португалија со Романија нема да ни е мерило. Ние го подигнавме нивото од последните натпреварите со Португалија и сигурен сум дека сме подобри од двата квалификациски дуели во 2024 година. Ракометно не се плашам од нив, единствено стравувам од „нашите глави“, рече Лазаров.

ИЗДВОЕНИ