Македонската ракометна репрезентација денеска го игра најважниот меч за пласман во наредната фаза на Евроспкото првенствто. Спроти нашата селекција ќе биде еден исклучително тежок противник – Португалија.
Средбата ќе се одигра во Хернинг од 18 часот, а веднаш по нашиот дуел на сцена стапуваа домаќините, Данска, кои за противник ја имаат репрезентацијата на Романија. Данците се големи фаворити и прашање е само како и колку Романија ќе може да се одбрани од најсилниот напад на ова ЕП.
Само првите две селекции од секоја група ќе обезбедат пласман во наредната фаза, а со оглед на тоа дека Данска е фаворит во групата, шансата ќе ја бараме токму против Португалија.











