Ракета лансирана од Јемен падна во близина на најголемиот аеродром во Израел/видео

119
Фото:принскрин Х

Ракета лансирана од Јемен кон Израел падна денеска во близина на аеродромот Бен Гурион, главниот меѓународен аеродром во земјата, пренесува Хина.

Снимките споделени на социјалните мрежи од патничкиот терминал покажаа облак од чад. Израелската војска соопшти дека истражува соборување на ракетата лансирана од Јемен.

 

Репортер на „Ројтерс“ на аеродромот слушнал сирени и видел патници како трчаат кон засолништа.

Неколку луѓе на аеродромот објавија видеа од паметни телефони на кои се гледа облак од црн чад јасно видлив во близина, зад паркирани авиони и згради на аеродромот.

 

Израелските служби за итни случаи соопштија дека нема извештаи за сериозни повреди. Маж и жена со полесни повреди се однесени во болница, а две лица се згрижени на местото на настанот поради паника.

Управата на аеродромот објави дека ракетата паднала во близина на паркингот на терминалот.

Јеменските бунтовници Хути испукаа ракети кон Израел во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

ИЗДВОЕНИ