Ракавица во лицето на Арсенал и Ливерпул од Пеп Гвардиола

976
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Манчестер Сити веќе „покажа заби“ кога е во прашање летниот преоден рок, но сега е подготвен да украде играч кој го сакаат Арсенал и Ливерпул.

Имено, челниците на Манчестер Сити наводно започнале преговори околу сензационалниот трансфер на играч на Реал (М), а станува збор за Родриго.

Овој играч е фрустриран од минутите што ги добива на „Сантијаго Бернабеу“ откако Килијан Мбапе се приклучи на клубот.

Крилниот напаѓач одигра 54 натпревари во сите натпреварувања минатата сезона, постигнувајќи 14 гола и додавајќи 11 асистенции, но помина повеќе време на клупата отколку на теренот.

Родриго, доколку сè беше идеално, би сакал да игра како лево крило, но во Реал (М) тоа не е можно бидејќи Мбапе и Винисиус Жуниор имаат предност кога е во прашање таа позиција.

Новиот тренер на Реал (М), Чаби Алонсо, сакаше да го види Родриго во акција на Светското клупско првенство пред да донесе конечна одлука за неговиот статус.

Бразилецот одигра три натпревари на овoj турнир, а неговиот тим беше елиминиран од ПСЖ во полуфиналето.

Сепак, она што „го боли“ Родриго е тоа што тој играше само еднаш во тие три натпревари од првата минута. Алонсо наводно им дал зелено светло на челниците на Реал (М) да го продадат Родриго ова лето бидејќи не го гледа во своите планови.

Арсенал и Ливерпул беа првите што „загризаа“, но сега Манчестер Сити се приклучи и сака да ја заврши работата. Родриго наводно ќе биде продаден за околу 90 милиони евра, а ако некој има толку пари да плати, тоа е секако тимот од „Итихад“.

ИЗДВОЕНИ