„Рајот“ на Тасос има своја цена: 50 евра за лежалки, а место нема ни за пешкир/ФОТО

400
video Youtube

Нова објава во групата „Грчка инфо“ од популарната Мермерна плажа на Тасос, ги изненади многу фанови на Грција.

На само шест километри од Лименас, главниот град на островот Тасос, се наоѓа познатата Мермерна плажа (Marble Beach или Saliara Beach), едно од најфотогеничните места во Грција, позната по своите бели мермерни камчиња и тиркизна вода што потсетува на егзотични дестинации.

Но, рајот има своја цена.

Цената за сет лежалки и чадор ова лето достигнува дури 50 евра, што ги шокираше многу туристи. И покрај високата цена, плажата е преполна – редовите лежалки се протегаат до последниот метар, а оние што доаѓаат без резервација или без свој пешкир често остануваат без место.

„Не знаете дали поголем шок е цената или гужвата“, коментираат посетителите.

Во високата сезона, се препорачува да се пристигне многу рано наутро, бидејќи паркингот брзо станува непрооден, а слободните места се зафатени во првиот час.

 

За многумина, Мермерната плажа е станица која не се пропушта доколку го посетите Тасос, но има сè повеќе луѓе кои се прашуваат дали гужвата и цената ја претвораат во луксуз за избраните.

ИЗДВОЕНИ