„Рајанер“ побарал да ги опслужуваат аеродромите во Скопје и во Охрид и никој друг, што според министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, би значело дека државата ќе троши огромни суми пари само на нив.

– Тие бараат време на извршување не повеќе од 35 минути помеѓу слетувањето и полетувањето. Тоа би значело дека ќе вработиме стотици дополнителен персонал на аеродромите само за да ги задоволиме нивните потреби – рекол Николоски.

Авиокомпанијата побарала повеќе од двојно повеќе од постојните субвенции што државата моментно им ги обезбедува на превозниците, односно 20 евра на скопскиот и 25 на охридскиот.

– Со вакви услови, соработката, едноставно, не е можна. Државата веќе троши значителна сума за субвенции, а нудењето такви посебни услови би го нарушило пазарот. Не можете да му дадете на „Рајанер“ привилегии што не се прошируваат на другите авиокомпании што моментно работат тука. А ако им дадеме такви услови на сите, државата би банкротирала, изјавил Николоски, пренесува „Екс ју авиејшн“

 

Македонската влада не успеа да постигне договор со „Рајанер“ за влез на пазарот, нарекувајќи ги барањата на нискобуџетната авиокомпанија „невозможни“. Порталот „Екс ју авиејшн“ објави дека министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, истакнал дека авиокомпанијата со чие раководство се сретнал два-три пати побарале привилегирани услови поради кои не е можна соработка.

Причината зошто не се на нашиот пазар е поради условите што ги поставија. Во практиката, тие сакаат и аеродромите во Скопје и во Охрид да ги опслужува само „Рајанер“, што би значело дека државата ќе троши огромни суми пари само на нив. Тие бараат време на извршување не повеќе од 35 минути помеѓу слетувањето и полетувањето. Тоа би значело дека ќе вработиме стотици дополнителен персонал на аеродромите само за да ги задоволиме нивните потреби – рекол Николоски.

Авиокомпанијата побарала повеќе од двојно повеќе од постојните субвенции што државата моментно им ги обезбедува на превозниците.

Тие тврдат дека субвенциите што ги нудиме се премногу ниски. Во моментов, им обезбедуваме на авиокомпаниите девет евра по патник на скопскиот аеродром и дванаесет евра на охридскиот аеродром. Тие бараат дваесет евра на скопскиот и 25 на охридскиот. Со вакви услови, соработката, едноставно, не е можна. Државата веќе троши значителна сума за субвенции, а нудењето такви посебни услови би го нарушило пазарот. Не можете да му дадете на „Рајанер“ привилегии што не се прошируваат на другите авиокомпании што моментно работат тука. А ако им дадеме такви услови на сите, државата би банкротирала – изјавил Николоски, пренесува „Екс ју авиејшн“.

„Рајанер“ е една од најголемите нискобуџетни авиокомпании во Европа, основана во 1984 година во Ирска. Компанијата оперира со флота од преку 550 авиони и секоја година преку 160 милиони патници патуваат со оваа компанија, која е позната по ниските цени и бројните европски дестинации. Главниот дел од нивните линии се поврзуваат со аеродроми од втор ред, каде трошоците за слетување се пониски, што ѝ овозможува на компанијата да нуди пристапни летови. „Рајанер“ има преку 3.000 дневни летови кои поврзуваат над 230 дестинации во 40 држави, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Германија, Италија, Шпанија, Франција, Полска и многу други.

Нивното евентуално присуство во Скопје ќе значи значително зголемување на поврзаноста на Македонија со поголем број европски градови. На домашниот авиопазар доминира унгарскиот нискобуџетен превозник „Визер“, со годишен удел на патници од преку 50%, а неодамна објави стационирање на шести авион во својата база во Скопје и лансирање на седум нови маршрути.

ИЗДВОЕНИ