Поранешниот рагбист на Лас Вегас рејдерс, Хенри Рагс е привремено ослободен од затворската казна по големата трагедија што ја предизвика во ноември 2021 година, кога ја прегази младата Тина Тинтор (32) во сообраќајна несреќа. Тој возел пијан во Лас Вегас, со брзина од 250 километри на час, а од силата на несреќата, нејзиниот автомобил се запалил и таа изгорела во него заедно со своето куче.

Хенри беше прашан што ќе му каже на семејството Тинтор откако ѝ го одзеде животот на Тина, а тој одговори: „Прво, би сакал да го вратам времето назад. Би сакал да го запознаат вистинскиот Хенри Рагс, а не оној што бега од нешто. Искрено се извинувам, не само што се најдов во таа ситуација туку и што моето лице беше постојано на вестите, во весниците и што секогаш мораше да ме потсетуваат на таа ситуација“.

ИЗДВОЕНИ