Иако Нико Вилијамс и ова лето беше блиску до потпис со Барселона, сепак, најпосле пропадна целиот трансфер, а офанзивниот играч потпиша нов договор со Атлетик Билбао.

За овој пропаднат трансфер зборуваше и Рафиња, кој немаше пофални зборови за постапката на Вилијамс.

  • Бев смирен во текот на целата ситуација. Играчите кои сакаат да дојдат во Барселона мора да се борат за овој клуб. За мене, најважно е што имаме луѓе во тимот кои навистина сакаат да бидат тука. Оние кои не сакаат да бидат тука, подобро е воопшто да не дојдат. Добро е што имаме млади таленти кои сакаат да бидат во овој тим и да го носат дресот на Барселона. Затоа мислам дека е подобро што тој не дојде, истакна Рафиња.

ИЗДВОЕНИ