EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Пензионираниот шпански тенисер, Рафаел Надал, ги воодушеви своите обожаватели со својата најнова објава на социјалните мрежи. Сопственикот на 22 гренд слем титули сподели фотографија од скијање, со коментар: „По 26 години… Неверојатно е чувството повторно да се скија“. Кралот на земјените терени се пензионираше пред две години и, конечно, повторно може да се занимава со „опасни“ спортови.

Неговата насмевка на лицето покажува колку му недостигала оваа слобода. Скијањето се смета за опасен, па дури и за екстремен спорт за професионалните спортисти, па Надал, конечно, имаше можност повторно да се качи на скии.

Познато е дека и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сака овој зимски спорт и дека често престојува со семејството во познатите светски одморалишта, но е и ограничен кога стапнува на патеката. Честопати можеше да се види како гостин на Копаоник, а во последниве години престојуваше и во Италија.

Кој е најдобар скијач меѓу тенисерите?

Роже Федерер е, сигурно, најискусен, бидејќи скијањето е примарен спорт за Швајцарецот, додека Италијанецот Јаник Синер беше голем талент како момче, но неочекувано го избра тенисот. Иста беше ситуацијата и со најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

– Точка што, можеби, најмногу ме дефинираше во мојата кариера беше денот кога седев со моето семејство, татко ми и мајка ми, во станот на Будово Брдо, каде што живеевме во тоа време и разговаравме за моите соништа. Бев на раскрсница, од една страна беше тенисот, кој го сакав и играв. Од друга страна беше скијањето, кое, покрај тенисот, е моја најголема љубов и страст. Не ми беше лесно да одлучам бидејќи бев добар во двата спорта. Мораше да донесам одлука на што треба да се посветам – рече Ѓоковиќ во една пригода.

ИЗДВОЕНИ