понеделник, јануари 19, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Радовиш ќе добие современ, мултифункционален и културен центар

Радовиш ќе добие современ, мултифункционален и културен центар

9

Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека во Општина Радовиш е во тек работната фаза од проектот за реконструкција и пренамена на поранешната Стоковна куќа во современ мултифункционален и културен центар со музејска содржина.

– Објектот, лоциран во централното градско подрачје, добива целосно нова намена и значење како јавен простор од културен и општествен интерес. Во рамки на работната фаза се изведуваат интензивни градежни активности кои опфаќаат конструктивна санација и адаптација на постојниот објект, внатрешно уредување, функционална реорганизација на просторот и создавање услови за современи културни, изложбени и музејски содржини – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека со инвестиција од 229.691.396 денари, обезбедена од Министерството за култура, се поставуваат темелите за нов културен центар кој ќе придонесе за збогатување на културниот живот, зачувување и презентација на културното наследство и зголемена достапност на културни настани за сите граѓани.

– Проектот претставува значаен чекор кон ревитализација на централното градско јадро и јакнење на културната инфраструктура во Општина Радовиш – заклучи премиерот.

 

 

 

ИЗДВОЕНИ