Првиот човек на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, информираше дека ослободувањето од плаќање комуналии се однесува на млади до 35 години кои немаат имот, односно објект за домување на свое име, а услов е во наредните десет години да не вршат отуѓување, односно продажба на домот.
– Со оваа мерка создаваме реални услови младите да останат, да градат и да ја планираат својата иднина во Радовиш – нагласи Почивалец.
Тој додава дека максималниот износ од кој може да се ослободат младите од плаќање комуналии е 3.600 евра
Три млади брачни парови веќе аплицирале за мерката за ослободување од плаќање комуналии за изградба на свој објект за домување што ја донесе Советот на Општина Радовиш.
Првиот човек на Општина Радовиш, Љупче Почивалец, информираше дека ослободувањето од плаќање комуналии се однесува на млади до 35 години кои немаат имот, односно објект за домување на свое име, а услов е во наредните десет години да не вршат отуѓување, односно продажба на домот.
– Со оваа мерка создаваме реални услови младите да останат, да градат и да ја планираат својата иднина во Радовиш – нагласи Почивалец.
Тој додава дека максималниот износ од кој може да се ослободат младите од плаќање комуналии е 3.600 евра.
– Со донесената одлука се ограничува големината на објектот што се планира да се гради или за кој ќе има ослободување од плаќање комуналии. Максималната површина е до 120 квадратни метри, кои сметаме дека се доволни за едно просечно четиричлено семејство. Со оглед дека надоместокот за комуналии во Радовиш изнесува околу 30 евра за квадратен метар, тоа значи дека младите ќе бидат ослободени најмногу од 3.600 евра на име комуналии – изјави Почивалец.
Според него, донесената одлука се очекува да ја раздвижи и локалната економија, пред сè, градежништвото, но и сите стопански гранки кои се неопходни за изградба на готов дом.
Градоначалникот смета дека ќе се поттикне и трговијата со столарија, а работа ќе добијат и фирмите чиј фокус е изведба на водовод и канализација.
– Одлуката не е само за оваа календарска година, туку таа ќе биде на сила сè додека јас сум градоначалник. Сметам дека мора да им се помогне на младите. Ефектите ќе ги видиме веќе следната година – оцени Почивалец.
Радовиш е првата општина во Југоистокот која ги ослободува младите од плаќање комуналии за изградба или доградба на сопствен дом.












