Радост во домот на Рафа: Легендарниот тенисер стана татко по вторпат

601

Еден од најуспешните тенисери на сите времиња, Рафаел Надал (39) и неговата сопруга Марија Франциска Перело (37), добија син. Според шпанските медиуми, двојката го крстила својот син Мигел по таткото на Мери, кој починал во април 2023 година на 63-годишна возраст по долго боледување. Легендарниот тенисер има уште еден син, Рафел Џуниор, роден во ноември 2022 година.

Рафаел и Марија почнаа да се забавуваат во 2005 година и се свршија 14 години подоцна. Тие се венчаа во октомври истата година.

„Му треба простор кога се натпреварува. Идејата да биде околу него цел ден во тие моменти е задушлива, а тој дефинитивно би се грижел за мене цел ден. Ако го следев насекаде, би постоел голем ризик дека повеќе нема да се сложуваме толку добро“, изјави Марија еднаш за „The Telegraph“ за нејзината врска со Рафаел.

Може да се каже дека Марија не е типична сопруга на спортист. Имено, ретко ја гледаме јавно, не сака скапа облека, а работи и како проект менаџер за хуманитарната организација на Надал.

ИЗДВОЕНИ