Радишани доби нов мегапарк

123

Се реализираше едно од најголемите барања на жителите од населбата Радишани. Изграден е мегапаркот во оваа населба, кој се простира на површина од 10.000 квадратни метри.

Во рамките на мегапаркот има голем плоштад и пешачки патеки, кои се на површина од 4.000 квадратни метри.

– Големото детско игралиште за најмалите, со модерни реквизити и мека подлога, е една од главните содржини во паркот. Целиот парк е осветлен со модерно ЛЕД- осветлување. Паркот има и голема површина со зеленило, кое се протега на 6.000 квадратни метри, за сето ова убаво да изгледа. Поставен е и посебен систем за наводнување – информираат од Општина Бутел.

Вкупна вредност на проектот е 19.993.529 денари.

– Убеден сум дека ова ќе биде ново централно место во населбата Радишани, каде што сите ќе се собираме и ќе се дружиме – истакна градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

 

ИЗДВОЕНИ