„Радиото на судниот ден“ се активираше повторно! Што значи новата порака?

112

Радио станицата UVB-76, позната како „Радио на судниот ден“ (Doomsday Radio), емитуваше нова шифрирана порака. Информациите за ова беа објавени на Телеграм каналот „UVB-76 ether“.

Според каналот, новата порака е снимена на 15 декември во 13:02 часот по московско време.

„NJTI 52710 VHODOSHUNT 9051 8779“ се слушаше во етерот.

Последниот пат кога „Радиото на судниот ден“ емитуваше четири пораки беше на 11 декември, во кои се слушнаа зборовите „yershovuz“, „bermudskiy“, „zhurizogs“ и „aulny“.

Порано беше објавено дека некои луѓе во пораките на оваа радио станица виделе навестување за можен конфликт. Се известува дека на почетокот на декември, UVB-76 емитувал околу 15 необични пораки, кои предизвикуваат загриженост за можен почеток на Трета светска војна, бидејќи „Doomsday Radio“ интензивно емитува пораки во контекст на глобални кризи, пишува рускиот портал Lenta.

ИЗДВОЕНИ