Радикалниот потег на Исланд успеа – работната недела не мора да трае пет дена

80
Фото: pexels

Во 2019 година, Исланд ги привлече насловните страници низ целиот свет кога одобри четиридневна работна недела. Иако не беше воведен со општ закон, туку преку колективни договори што им дозволуваа на вработените да преговараат за пократко работно време, ефектите беа тектонски.

Промените не останаа само во доменот на работата. Граѓаните на оваа земја пријавуваат значително подобрување на квалитетот на нивниот живот. Тие имаат повеќе време за семејството, пријателите и хобијата, се помалку стресни и генерално се посреќни и позадоволни.

– Пократката работна недела значително го подобри животот на моето семејство. За 90 проценти од нас, 36-часовна работна недела значи помалку стрес, поголемо задоволство од работата и повеќе време за уживање во животот“, вели наставничката Марија Хјалмтисдотир.

Пилот-проекти сега се во тек во Германија, Португалија, Шпанија и Велика Британија, додека Белгија веќе донесе закон, но со ограничена примена поради прекувремената работа.

Искуството на оваа северна земја покажува дека четиридневната работна недела не е утопија, туку остварлива и одржлива реалност. Со ставање на луѓето во центарот на економскиот систем, создаден е похуман и поодржлив модел на работа што би можел да го инспирира целиот свет.

И покрај успехот на четиридневната работна недела, прашањето за членството во Европската Унија продолжува да го дели општеството. На предвремените избори во сабота, граѓаните на оваа земја ќе имаат можност да го кажат своето мислење и за ова прашање. Само социјалдемократите и либералната партија Реформа го поддржуваат влезот во ЕУ, додека Зелените, конзервативците и другите либерали во владејачката коалиција се против тоа, пишува „Блиц бизнис“.

ИЗДВОЕНИ