Мерењето што го направиле од Дирекцијата за радијациона сигурност во 2024 година покажало дека радиоактивниот фон во РЕК „Битола“ не е многу поголем од природниот фон на зрачење, изјави в.д. директорот на Дирекцијата за радијациона сигурност, Зоран Бајовски, откако беше прашан од новинарите за радиоактивната пепел од работењето на битолската термоцентрала.

– Македонија нема нуклеарна централа, ниту нуклеарно гориво, но не е имуна на природниот фон на зрачење што го создава самата природа. За РЕК „Битола“ конкретно, не е многу поголем од дозволените граници. Извршено е мерење и во 2024 година и сега, од еден од техничките сервиси и е констатирано дека тој не е многу поголем од дозволениот природен фон на зрачење. Мислам дека беше помалку од 5.000 нанохири – рече Бајовски.

Тој истакна дека природниот фон на зрачење го има и во моментов.

– Сите ние и сега сме изложени на јонизирачко зрачење, кое е во границите на нормалата и не е штетно за нашиот организам. Сите работници што се професионално изложени, мора да носат лични дозиметри, кои се читаат на месечно ниво и извештаите ги добиваме во Дирекцијата – истакна Бајовски.

ИЗДВОЕНИ