Работодавците во Велика Британија го намалија нивото на годишни зголемувања на платите во последните месеци, како и самото вработување, бидејќи забавувањето на економскиот раст во земјата имаше последици врз пазарот на трудот, објави британскиот Завод за статистика.
Сепак, официјалната стапка на невработеност остана непроменета на 4,7 %, што е највисоко ниво за четири години.
Растот на платите, вклучувајќи ги и бонусите, падна на 4,6 % од 5 % во тој период.
Сепак, ако се исклучат еднократните бонуси, растот на платите останал на 5 %, што укажува дека работодавците ги намалиле стимулациите.
Стапката на слободни работни места се намали за 44.000, што е сериозен показател за недостиг на волја кај работодавците да вработат нов персонал.