недела, јануари 18, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Работно ангажирање на 16 илјади млади лица

Работно ангажирање на 16 илјади млади лица

1156

Македонската Влада преку Оперативниот план за вработување планира работно да ангажира околу 16 илјади млади лица. Заменик-министерот за економија и  труд, Марјан Ристески, вели дека за оваа намена се определени 40 милиони евра, што е за 7 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план.

– Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За него се предвидени околу 40 милиони евра, или тоа се 7 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план – рече Ристески.

Тој укажа дека целта на планот е да се задржат младите во Македонија.

– Оперативниот план се однесува на млади до 29 години. Многумина млади заминаа и ние на овој начин сакаме да ги задржиме во државата. Оперативниот план опфаќа околу 16 илјади лица, претежно млади – вели Ристески.

Со Оперативниот план се предвидени 9 мерки, од кои акцент се става на две од  нив.

– Има две главни мерки, самовработување и другата е вработување во постојните јавни претпријатија – вели Ристески.

ИЗДВОЕНИ