четврток, февруари 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Работник загина при пад од висина на градилиште во Охрид

Работник загина при пад од висина на градилиште во Охрид

346

Работник смртно настрада изутринава при изведување градежни работи на деловен простор во изградба на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид.

Станува збор за лицето педесет и осумгодишниот Ѓ.Д., од Охрид, кој при работа паднал од висина, по што бил пренесен со тешки телесни повреди во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, каде им подлегнал на повредите.

Информацијата за несреќата ја потврдија од СВР – Охрид. Причините и околностите за несреќата ќе бидат утврдени со истрагата и увидот на лице место што е во тек.

ИЗДВОЕНИ