вторник, февруари 3, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци, бил притиснат од кран...

Работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци, бил притиснат од кран на висока платформа

105

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во фабрика во која вчера загина 38-годишен кинески државјанин.

Според првичните сознанија, тој пристигнал во земјава кон крајот на август, но постојат сомненија дека иако се уште не му бил регулиран престојот и работниот однос, сепак веќе бил ангажиран на извршување работни задачи во фабриката.

Притоа, бил притиснат од кран на висока платформа и му биле нанесени тешки телесни повреди од кои починал.

Јавниот обвинител издаде повеќе наредби со цел да испита евентуални тешки дела против општата сигурност. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, прибавена е целокупната документација за изведувањето на работите, а ќе се врши машинско вештачење на кранот и испитување на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа.

ИЗДВОЕНИ