Работници од БиХ нападнати во Дрезден: Германец извикувал нацистички слогани

117

Припадници на Одделот за државна безбедност на Полициската управа во Дрезден започнаа истрага за 46-годишен Германец, кој пред неколку дена нападнал градежни работници од Босна и Херцеговина, извикувајќи забранети нацистички слогани, објавува „Кликс“.

Според германските медиуми, тој дошол на градилиште на Лешнерштрасе во Мајсен и почнал да ги навредува работниците од БиХ. Во тој момент, на градилиштето имало шестмина работници, а Германецот извикувал нацистички слогани и покажувал забранети симболи.

Во еден момент, избувнал вербален конфликт, по што Германецот го удрил работникот од БиХ во градите, нанесувајќи му полесни повреди.

Набрзо на местото на настанот пристигнала полициска патрола, која спречила понатамошна ескалација. Против напаѓачите ќе бидат поднесени обвиненија откако ќе заврши истрагата, пишува „Независне“.

ИЗДВОЕНИ