Активисти на Сојузот на синдикатите на Македонија денеска на плоштадот во Струмица зборуваа „Што е праведна транзиција?“ и „Што претставува Парискиот договор за климатски промени?“, со цел да се подигне свеста на работниците и јавноста за значењето на овој процес и неговото влијание врз работничките права.
– Најзасегнати сектори од процесот на праведната транзиција во нашата држава се секторот енергетика, агро-секторот, градежништво и транспорт, а струмичкиот регион познат гранката земјоделие ќе биде опфатен од овој процес, па затоа е важно да се зборува на оваа тема. Синдикатот како претставник на работниците и заштитник на работничките права има огромна улога во овој процес, водејќи грижа за остварувањето, заштитата и унапредувањето на работничките права – велат од ССМ и сметаат дека нема праведна транзиција без заштитени работнички права и без учество на синдикатите.
Оваа активност е поддржана од Проектот – Унапредување на социјалниот дијалог за прашања поврзани со праведната транзиција во Македонија и Црна Гора.












