Со цел унапредување на спортската култура, промоција на активниот и здрав начин на живот и зајакнување на меѓуинституционалната соработка, Општина Берово ги организира „Работничките спортски игри 2026“ во дисциплината мал фудбал.
Настанот ќе се реализира во периодот февруари – март 2026 година, а на турнирот ќе можат да учествуваат исклучиво лица што се жители на општините Берово и Пехчево.
– Првиот организациски состанок е закажан за в понеделник, со почеток во 14:00 часот, во салата на Советот на Општина Берово. На состанокот, секоја заинтересирана екипа треба да биде претставена со по еден член, кој ќе се запознае со правилата и прописите за игрите – информираа од Општина Берово.
Рокот за пријавување на екипите е до понеделник, до 14:00 часот, а почетокот на турнирот е планиран за 19 февруари, во зависност од временските услови.
– Пред извлекувањето на групите, сите пријавени екипи се должни да достават конечен список со 12-мина играчи, кој ќе важи до завршувањето на турнирот, без можност за измени. Пријавите се поднесуваат во просториите на Општина Берово – соопштија од локалната самоуправа.
За најуспешните учесници ќе бидат обезбедени пригодни награди од страна на Општина Берово.












