Најтрофејниот кошаркарски колектив, екипата на Работнички, среде плејоф реши да ја прекине соработката со тренерот Горан Самарџиев, пишуваат поедини медиуми. тимот од „Градски парк“ ги загуби првите две полуфинални средби од ТФТ, а покрај тоа останаа и без тренер во најосетливиот дел од сезоната.

Останува да се види кој ќе ја води екипата на третиот меч од полуфиналето против ТФТ, по што се очекува летово да биде ангажиран нов стратег кој ќе има тешка задача – да се обиде да го врати на тронот на македонската кошарка што во моментов е сопственост на вечниот ривал МЗТ Скопје.

ИЗДВОЕНИ