
Искусниот играч за врска, Адријан Рабио, ги изнервира раковдните лица и најверните фанови на францускиот гигант Олимпик Марсеј, со изјавата дека е расположен да преговара со челниците на калчолигашот Милан. Рабио не крие дека сака повторно да соработува со трофејниот стручњак, Масимилијано Алегри, кој пред неколку дена потпиша 3-годишен договор со тимот од „Сан Сиро“.