Путин загуби еден од неговите најпознати снајперисти: „Херој на Русија“

234

Рускиот претседател, Владимир Путин, загуби еден од неговите најпознати снајперисти кој загина во Украина. Се очекува Путин постхумно да му оддаде почит, пишува Мирор.

Високиот офицер Виталиј Шаповалов (51) беше опишан како „легендарен снајперист“. Тој загинал во градот Часив Јар, кој се наоѓа во регионот на Доњецк. Сè уште не е познато како настрадал.

Путин (72) го погреба со целосни воени почести, а планира да му ја додели титулата Херој на Русија, највисоката државна почест на Кремљ.

Во посмртницата објавена на каналот Special Purpose пишува дека Шаповалов бил „легенда на снајперизмот во воените кругови, кој обудчил неколку генерации снајперисти, од кои некои станале херои на Русија“. Тој беше опишан и како „чесен, праведен и отворен човек… со огромно борбено искуство“.

Шаповалов бил повеќекратно одликуван за храброст. Тој имал пет шестмесечни мисии во Чеченската војна, а потоа служел како снајперист во силите на Русија во Сирија, вкупно две години.

ИЗДВОЕНИ