Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека, на барање на командантите, е донесена одлука за префрлање на возилата на владните агенции и државните компании кои се повлечени од употреба, на фронтот во Украина.
„Ова беше барање на командантите. Зошто да бидат отпишани? Понекогаш тоа е еднократна употреба. Велат: „Дајте ни ги отпишаните возила. Ќе биде доволно“, рече Путин за време на посетата на Националниот центар „Русија“ во Москва, каде што ја посети изложбата посветена на резултатите на тригодишната работа на Серускиот народен фронт“, пренесува агенцијата „РИА Новости“.
Претседателот на Ивршниот комитет на СНФ Михаил Кузњецов рече дека активистите на таа организација ги реставрираат автомобилите и им ги испраќаат на војниците, како и дека на тој начин веќе се предадени 2.100 автомобили.
Путин најави дека ќе разговара со руската влада и со руското Министерство за одбрана за можностите за краткорочно испраќање на цивилни лекари во воените болници во близина на линиите на фронот во Украина.
Тој со тоа одговори на забелешката на еден учесник на изложбата, кој рече дека лекарите во моментто мораат да потпишат долгорочни договори за такви распореди. „Во ред, ќе разговарам со владата и со Министерството за одбрана“, рече Путин.