Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Би-Би-Си упати драматично предупредување дека рускиот претседател Владимир Путин веќе ја започнал Третата светска војна. Според него, единствен начин таа да се запре е преку силен воен и економски притисок врз Москва.
Зеленски јасно стави до знаење дека Украина нема да прифати територијални отстапки во замена за мир. Тој смета дека откажувањето од окупираните територии би значело предавство на стотици илјади луѓе и долгорочно слабеење на државата.
„Верувам дека Путин веќе ја започнал. Прашањето е колку територија ќе може да освои и како да го запре тоа… Русија сака да наметне поинаков начин на живот на светот и да ги промени животите што луѓето сами ги избрале“, изјави Зеленски.












