Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е принудена „да одговори на ситуацијата во Украина“ и „да го направи она што го прави сега“.
„Нѐ принудија да го правиме тоа што го правиме и сега се обидуваат да нѐ направат виновни“, рече Путин на состанокот со претставниците на руската бизнис заедница.
Путин нагласи дека Русија не е таа „која го организираше „крвавиот пуч“ во Украина“ и дека Русија не ги избрка странските компании од својот пазар.
Коментирајќи ја ситуацијата во сегментот на сајбер безбедноста, Путин рече дека Русија веќе ги „презема“ меѓународните пазари во оваа област.
„Ние веќе ги преземаме меѓународните пазари за овој вид активност [во областа на сајбер безбедноста]“, рече рускиот претседател.