Путин сериозно да го сфати Трамп, порачува Мерц

115
Фото: EPA

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика рускиот претседател Владимир Путин сериозно да го сфати она што го слуша пред средбата со Доналд Трамп во петок.

Очекуваме претседателот Путин сериозно да ја сфати понудата на претседателот Трамп за разговори и да започне преговори со Украина без предуслови по средбата во Алјаска“, рече Фридрих Мерц.

Канцеларот во изјава рече дека Русија, три и пол години по нелегалниот напад врз Украина, има можност да се согласи на прекин на огнот и да ја заврши војната.

Трамп може да постигне значителен напредок кон мирот во Анкориџ, рече Мерц, потсетувајќи дека Европа инсистира на учество на Украина во преговорите. „Прекин мора да се договори на следниот состанок“.

Секој договор за размена на територија за мир мора да добие и согласност од Украинците, повтори германскиот лидер.

ИЗДВОЕНИ