недела, февруари 1, 2026
Дома СВЕТ Путин се заканува дека ќе ја продолжи војната ако преговорите не успеат

Путин се заканува дека ќе ја продолжи војната ако преговорите не успеат

781
EPA/ALEXANDER KAZAKOV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Пред продолжувањето на преговорите за завршување на војната во Украина, Путин се заканува со оружје ако дипломатијата не успее, но дипломатија според неговите правила.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е лага дека неговата земја претставува закана за Европа.

Тој рече дека во преговорите ќе инсистира НАТО да не се шири, но исто така се закани дека ќе ја продолжи војната ако преговорите не успеат.

„Доколку спротивставената страна и нивните странски покровители одбијат да се вклучат во суштински разговори, Русија ќе постигне ослободување на своите историски земји со воени средства. Задачата за создавање и проширување на безбедносна тампон зона исто така ќе се спроведува доследно“, вели рускиот претседател Владимир Путин.

ИЗДВОЕНИ