Од Кремљ порачуваат дека Путин се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп лично го замолил Путин да се воздржи од напади врз Киев една недела со цел да се создадат поволни услови за преговори.
На прашањето дали Путин се согласува со тој предлог, Песков одговори: „Да, секако. Тоа беше лично барање на претседателот Трамп“.












