„Путин сака да продолжи да убива луѓе“: Зборовите на Трамп нема да и се допаднат на Русија

387

Доналд Трамп го опиша разговорот со Зеленски како „добар“, а исто така кажа и некои работи што нема да му се допаднат на Владимир Путин.

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараа по телефон во петок, 4 јули, а американскиот претседател денес откри детали од разговорот. По разговорот, Зеленски проговори, наведувајќи дека Трамп бил „добро информиран“ за сè на фронтот, а сега и самиот американски претседател го изрази своето мислење, пренесува „Укринформ“.

„Имавме многу добар разговор. Разговаравме за различни работи и тоа беше многу квалитетен разговор.

Мислам дека тоа беше многу стратешки важен разговор. Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина.

Им помагавме и ќе продолжиме да им помагаме. Тоа е многу тешка ситуација, ќе видиме што ќе се случи“, им рече Трамп на новинарите во авионот.

Тој додаде дека на Украина ѝ се потребни американски ракетни системи. Оваа изјава доаѓа откако САД го суспендираа извозот на ракети за воздушна одбрана поради проблеми со снабдувањето.

„Ќе им треба нешто, беа погодени доста силно. Изгледа дека Владимир Путин сака да оди до крај и да продолжи да убива луѓе.

Тоа не е добро. Не сум задоволен од тоа“, ги разјасни Трамп деталите од разговорот со рускиот претседател во четврток, 3 јули.

ИЗДВОЕНИ