четврток, јануари 22, 2026
Дома СВЕТ Путин: Русија не ја интересира темата Гренланд и САД, но ние го...

Путин: Русија не ја интересира темата Гренланд и САД, но ние го имаме искуството со Алјаска

38
EPA/ALEXANDER NEMENOV / AFP / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија не е заинтересирана за темата Гренланд и САД.

„Она што се случува со Гренланд не нè засега, но имаме искуство во решавање на слични проблеми со САД на примерот на Алјаска. Во 19 век, мислам во 1867 година, како што знаеме, Русија им ја продаде на САД, а САД ја купија Алјаска од нас“, рече рускиот претседател на состанокот на Рускиот совет за безбедност, пренесе РТРС.

Тој верува дека Данска отсекогаш се однесувала кон Гренланд како кон колонија и, како што вели, грубо, практично жестоко.

„САД имаат на располагање милијарда долари за да го купат Гренланд“, рече Путин и верува дека, врз основа на примерот на Алјаска, цената за Гренланд би можела да биде 200-250 милиони долари.

„Ако ја споредиме со цената на златото во тоа време, таа бројка би била значително поголема, веројатно милијарда долари“, рече Путин и додаде;

„Но, мислам дека САД можат да си ја дозволат таа бројка“.

ИЗДВОЕНИ