Путин разговараше со Ердоган: Турција подготвена да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина

35

Рускиот претседател, Владимир Путин, телефонски детално разговарал за иницијативата за продолжување на директните руско-украински преговори во Истанбул од 15 мај со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.

„Реџеп Тајип Ердоган целосно го поддржа овој руски предлог, нагласувајќи ја неговата подготвеност да ја обезбеди истанбулската платформа. Турската страна ќе ја обезбеди сета можна помош во организирањето и одржувањето на преговорите за постигнување одржлив мир“, соопшти Кремљ, пренесува Интерфакс.

Кабинетот на Ердоган претходно денеска објави дека турскиот претседател во телефонски разговор му рекол на Путин дека Турција е подготвена повторно да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул.

ИЗДВОЕНИ