Путин: Производството на оружје и муниција во Русија е зголемено за повеќе од 22 пати

59
EPA/SERGEI ILNITSKY

Производството на оружје и муниција во Русија, кое е многу барано како дел од украинскиот конфликт, се зголеми за повеќе од 22 пати во последните години, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Тој, исто така, на состанокот за државната програма за вооружување рече дека руските воени претпријатија ја снабдуваат армијата со целото потребно оружје и опрема, пренесува „Спутник“.

Путин, исто така, рече дека руската армија стекнува непроценливо искуство за време на Специјалната воена операција во Украина, која, според него, се користи за обликување на нова форма на руските вооружени сили.

ИЗДВОЕНИ