Путин пристигна во Кина на Самитот на ШОС, останува во четиридневна билатерална посета

48
Фото: epa

Авионот на рускиот претседател Владимир Путин слета на аеродромот Бинхаи во кинескиот град Тјенџин рано утрово.

На покана на кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот лидер ќе помине четири дена во оваа земја, за време на кои ќе ги посети Тјенџин и Пекинг. Самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) започнува вечерва во Меѓународниот конгресен и изложбен центар Мејџијанг, на кој Путин ќе учествува заедно со бројни колеги од регионот.

ШОС е основан во 2001 година во Шангај, а денес ги обединува десет земји: Кина, Русија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Белорусија, Индија, Иран и Пакистан. Организацијата е фокусирана на соработка во борбата против тероризмот, екстремизмот и трговијата со дрога, како и на зајакнување на економските и трговските врски меѓу нејзините членки.

За време на престојот во Кина, Путин ќе има и билатерални средби со неколку светски лидери. Неговата средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој пристигна во Кина пред самитот, веќе е најавена.

Рускиот претседател неодамна изјави дека Москва и Пекинг делат заедничка визија за праведен светски поредок, што ќе биде една од клучните теми на неговите разговори за време на претстојната посета.

ИЗДВОЕНИ