Русија е посветена на зајакнување на механизмите за спречување на развојот и ширењето на оружје за масовно уништување засновано на патогени микроорганизми и токсини, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Според Путин, прашањата за биолошката безбедност добиваат посебно значење, меѓу другото и поради општата нестабилност во светот.
„Прашањата за биолошката безбедност добиваат особена острина. Тоа е поврзано не само со општата нестабилност во светот, туку и во голема мера со недостатокот на напредок во постигнувањето на целите утврдени со Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсично оружје“, нагласи рускиот лидер во своето обраќање пред учесниците и организаторите на Петтата меѓународна научно-практична биолошка безбедносна конференција.
Тој посочи дека ваквите средби од година во година стануваат се порепрезентативни, што во целост го потврдува нивното растечко значење и интерес. Претседателот изјави дека овојпат во Сочи се собрале претставници на државни институции, научни институции, медицински центри и општествени организации од триесетина земји, како и делегати на бројни меѓународни организации.
„Русија, заедно со партнерите од пријателските земји, е постојано посветена на зајакнување на заедничките механизми за спречување на развојот и ширењето на оружје за масовно уништување врз основа на употреба на патогени микроорганизми и токсини“, подвлече тој.