Путин предложил средба со Зеленски во Москва

66

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, понудил да организира средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Москва, пренесува АФП, повикувајќи се на изјавите на три извори.

„Путин ја спомена Москва“ за време на разговорот во понеделник, изјави еден од изворите во вторник.

Зеленски, кој јавно ја изрази својата подготвеност да се сретне со Путин, одби да ја има средбата во Москва, изјави истиот извор.

Трамп му се јавил на Путин за време на телефонскиот разговор во Белата куќа со Зеленски и неколку европски лидери кои го поддржуваат Киев против Русија.

Европските лидери му рекоа на американскиот претседател дека изборот на Москва за средбата „не изгледа како добра идеја“, изјави дипломатски извор близок до разговорите.

Во понеделник, Трамп и Зеленски се сретнаа со лидерите на Германија, Обединетото Кралство, Финска, Франција и Италија, како и со генералниот секретар на НАТО и претседателот на Европската комисија.

По тие разговори, Трамп објави дека „започнува подготовки“ за средбата меѓу Зеленски и Путин.

Тој билатерален самит се очекува до крајот на август, но не е постигнат договор за тоа каде ќе се одржи, изјави за АФП еден од изворите блиски до ова прашање.

ИЗДВОЕНИ