Путин по разговорот со Трамп: Москва е подготвена да работи на изготвување меморандум со Украина, кој би подразбирал и прекин на огнот

231

Рускиот претседател Владимир Путин одржа телефонски разговор со американскиот лидер Доналд Трамп, кој траеше повеќе од два часа. Разговорот, како што оцени Путин, беше суштински, отворен и исклучително корисен.

Путин им рече на новинарите дека изразил благодарност до американскиот претседател за ангажманот на САД во продолжувањето на директните преговори меѓу Москва и Киев.

Тој нагласи дека Русија останува на ставот дека е потребно да се запрат непријателствата, но дека е потребно да се најдат најефикасните начини за траен мир.

Тој, исто така, рече дека привремено прекинување на огнот во украинскиот конфликт е можно само ако се постигнат конкретни и соодветни договори.

Рускиот лидер, исто така, изјави дека Москва е подготвена да работи на изготвување меморандум со Украина, кој, меѓу другото, би вклучувал прекин на огнот.

Во овој контекст, Путин ја нагласи важноста од постигнување компромиси што би биле прифатливи за сите вклучени страни.

Ова беше нивниот трет телефонски разговор откако Трамп повторно стана претседател на САД. Путин и Трамп првпат разговараа на 12 февруари, додека вториот разговор следеше на 18 март.

Како што претходно најави потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, САД веруваат дека украинскиот мировен процес е во ќорсокак, поради што американскиот лидер Доналд Трамп сакал да има телефонски разговор со рускиот претседател, објави „Спутник“.

 

ИЗДВОЕНИ