среда, јануари 21, 2026
Дома СВЕТ Путин од Индија: Ако Украина не се повлече, цел Донбас ќе...

Путин од Индија: Ако Украина не се повлече, цел Донбас ќе го земеме со сила

743
Фото: EPA

Русија ќе преземе целосна контрола врз украинскиот регион Донбас со сила доколку украинските сили не се повлечат, најави рускиот претседател, Владимир Путин, во интервју објавено вчера.

– Или ќе ги ослободиме овие територии со силата на оружјето или украинските сили ќе ги напуштат овие територии – рекол тој за „Индија тудеј“, пред вчерашната посета на Њу Делхи, пренесе руската државна телевизија.

Путин, исто така, во интервјуто за индискиот ТВ-канал се осврнал и на петчасовните разговори во средата со американските претставници за мировниот договор. Рекол дека тие разговори биле „неопходни“ и „корисни“, но, исто така, и „тешка работа“, при што некои од предлозите биле неприфатливи за Кремљ.

Неговите коментари се во пресрет на вчерашната средба во Мајами, на американските преговарачи со главниот преговарач на Украина, Рустам Умеров.

Рускиот претседател вчера отпатува за Њу Делхи, првпат по 2021 година, на самит што, според најавите, се фокусира на четири клучни теми: одбрана, вселенска соработка, економија и трговија, со цел да се постигне трговска цел од 100 милијарди долари. Посетата на Индија и средбата со премиерот Нарендра Моди се случуваат во период кога преговара Индија со САД за намалување на царините од 50 проценти, дополнети со 25 проценти давачки за увоз на руска нафта.

ИЗДВОЕНИ