вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Путин: Не молат да се воздржиме од напади врз украински цели

Путин: Не молат да се воздржиме од напади врз украински цели

65
EPA/RAMIL SITDIKOV / POOL

Претседателот Владимир Путин изјави дека од Русија се бара да се воздржи од одмазднички напади врз украински цели. Како одговор, гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко го повика да продолжи со ваквите напади.

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со гувернерот на Ленинградската област за да разговараат за мерките за заштита на регионот од напади со беспилотни летала, објави „РИА Новости“.

Путин рече дека од Русија се бара да не ја напаѓа украинската инфраструктура иако нападите со беспилотни летала на руска територија продолжуваат, објави РТ.

За време на состанокот, шефот на рускиот регион го информираше рускиот лидер за завршувањето на изградбата на 16 од 17 објекти за заштита на небото на Ленинградската област од напади со беспилотни летала.

„Ја завршивме изградбата на 16 од 17 објекти, кофинансирајќи ги сите. И ова треба да се направи, бидејќи е многу важно. Знаете дека има напади во тек…“ рече Дрозденко.

„Да… О, од нас се бара да не го правиме ова“, истакна Путин.

Руското Министерство за одбрана на 22 јануари објави дека руските вооружени сили извршиле напади врз украинските енергетски инфраструктурни објекти што се користат во интерес на вооружените сили на Украина.

ИЗДВОЕНИ