вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Путин не ја исклучува можноста за средба со Зеленски

Путин не ја исклучува можноста за средба со Зеленски

48

Рускиот претседател Владимир Путин не ја исклучува можноста за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Зборувајќи за можноста за средба меѓу Путин и Зеленски, Песков рече дека рускиот претседател не ја исклучува можноста за таква средба, но дека верува дека секоја средба на највисоко ниво треба да биде добро подготвена за да се финализира работата што прво мора да се заврши на експертско ниво.

„Засега не можеме да кажеме дека експертската работа е во полн ек. За жал, не е“, изјави Песков за РИА Новости.

Песков истакна дека Русија останува заинтересирана и подготвена за такви преговори.

„Сите позиции на Русија за договорот се соопштени до Киев, а одредбите се доставени до украинската страна во писмена форма“, нагласи Песков.

ИЗДВОЕНИ