Путин нареди прекин на огнот во Украина: Прекинати борбените операции во три зони

226
EPA/MIKHAIL TERESHCHENKO/SPUTNIK/KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Рускиот претседател Владимир Путин нареди привремено прекин на огнот во Красноармејск, Димитров и Купјанск за да се овозможи безбедно поминување на странски новинари, објави Russia Today. Тој му нареди на Министерството за одбрана да ги прекине сите борбени операции за да се овозможи непречено поминување на странски новинари.

„Министерството за одбрана на Руската Федерација доби наредба од Врховниот командант на Руската Федерација да обезбеди непречено поминување на странски новинари, вклучително и украински новинари, кога ќе се обратат до командата на вооружените сили на Украина за да ги посетат блокадните зони на украинските сили во Красноармејск, Димитров и Купјанск. Командата е подготвена, доколку е потребно, да ги прекине борбените активности за пет до шест часа во гореспоменатите зони, како и да обезбеди коридори за непречен влез и излез на групи претставници на странски медиуми“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

ИЗДВОЕНИ