Путин му се смее на Трамп! Полски министер тврди: „Од Алјаска војната се интензивираше“

579
EPA/MICHAEL KLIMENTYEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL / POOL MANDATORY CREDIT

Полскиот министер за надворешни работи Радек Сикорски рече дека рускиот претседател Владимир Путин „се смее на напорите“ на американскиот претседател Доналд Трамп да го прекине конфликтот во Украина.

„Путин се смее на мировните напори на претседателот Трамп. Од Алјаска, единственото нешто што е постигнато е ескалација на војната. Се надевам дека Трамп ќе ги исполни своите ветувања со конкретни акции“, рече Сикорски, пренесува ABC News.

Минатата недела, Доналд Трамп вети дека ќе ја поддржи Полска и ќе ѝ помогне да се заштити за време на билатералната средба со полскиот претседател Карол Навроцки во Белата куќа.

„Ние сме со Полска до крај и ќе ѝ помогнеме да се заштити“, рече Трамп тогаш.

Службеник на Белата куќа рече дека се очекува Трамп денес да разговара со полскиот претседател Навроцки, додавајќи дека американскиот претседател и администрацијата внимателно ги следат извештаите што доаѓаат од Полска.

Рано утрово, Варшава, со поддршка на сојузниците од НАТО, ги собори беспилотните летала откако беа регистрирани 19 објекти кои влегоа во полскиот воздушен простор преку ноќ.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека дострелот на беспилотните летала кои наводно ја преминале полската граница не надминува 700 километри и дека е подготвено да одржи консултации со полското Министерство за одбрана.

ИЗДВОЕНИ