Рускиот претседател Владимир Путин, кој е баран од Меѓународниот кривичен суд (МКС), нема да патува на самитот на БРИКС во Бразил на почетокот на јули, објави денес Кремљ, додавајќи дека ќе присуствува и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесува „Бета“.
Путин ќе зборува на самитот преку видео врска, изјави неговиот дипломатски советник Јуриј Ушаков, додавајќи дека претседателот не патува поради „одредени тешкотии во контекст на барањата на МКС“.
Како член на Меѓународниот кривичен суд, Бразил би бил должен да го уапси Путин ако дојде.
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва (Игнасио) изјави дека Путин ќе биде поканет како член-основач на БРИКС, и покрај потерницата за нелегална депортација на украински деца во Русија, што Москва го негира.
Самитот на Бразил, Русија, Индија, Кина, Јужна Африка, Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати ќе се одржи во Рио де Жанеиро на 6 и 7 јули.
Путин не отпатува на самитот на БРИКС во Јужна Африка во август 2023 година.
Путин не беше уапсен на почетокот на септември минатата година во Монголија, земја-членка на Меѓународниот кривичен суд, каде што беше пречекан со голема помпа, а за ова МКС и Европската унија ја критикуваа таа земја.
Минатиот октомври, самитот на БРИКС се одржа во Казан, Русија.
Путин редовно го фали БРИКС – група од десет земји во развој, претставувајќи го како противтежа на „хегемонијата на Западот“ во светот.